Левица: Трулиот систем го инсталира токму Шекеринска и СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спроведувањето на најавената операција „метла“ на премиерот Заев е најдобра илустрација како тоа СДСМ ја сфаќа државата – никако поинаку освен како своја сопственост, сметаат од Левица.

Според партијата, после катастрофалните резултати од владеењето на СДСМ и очигледното незадоволство кај народот, премиерот се обиде да ја замаи јавноста со глумење на лажна транпарентност и одговорност. На тој начин, наместо да ја распушти Владата во која пола од функционерите се директни учесници во криминалите извршени за време на груевизмот – тој само ја продолжи истата практика како претходната власт стимулирајќи корупција, непотизам и одржување на власт преку политички пазарења и реформска сервилност.

Кога се однесува за одговорноста и транспарентоста, „метлата“ на Заев е само претурање од шупливо во празно, но кога се однесува на црпење од државниот буџет тоа е само промена на црпката со која се претура. Имено, кадровската реконструкција во СДСМ нема никаква врска со административните позиции кои во државната служба ги имаат овие „разрешени“ партиски потрчковци.

Интересно е да се забележи тоа дека дури ниту партиската метла не ја допре министерката за одбрана Шеќеринска, која дефинитивно е најбезидејната (ако воопшто може да се извлече најлошото кадровско решение од оваа некадарна политичка структура) политичка фигура во оваа Влада. Шеќеринска на позицијата министер за одбрана по спроведувањето на проектот „чизми“ (за помалку од една третина од војниците) се зафати со погубната идеја за приватно обезбедување на војската! Што очигледно се покажува дека оваа владејачка елита е тука само да го исцрпи државниот буџет преку вакви „генијални “ идеи и „одлични=бонбона“ проекти, префрлувајки си ги народните пари во приватни џебови и развивање на свои бизниси.

Токму од министерката Шеќеринска деновиве имавме можност да слушнеме изјава, со очигледно несвесно признание, за лошата состојба во секој сегмент на државава, за која министерката изјави дека причината за тоа не била во „министрите и директорите“, туку во тоа дека „системот ни бил трул“. Точно, системот е трул, и овој систем го инсталираше токму партијата на СДСМ од кога почна да разграбува целата држава, потоа во таа транзиција оваа партија го испокраде и приватизира сиот имот на народот, кој со години беше макотрпно и солидарно создаван.

Иста е состојбата и денеска, СДСМ и Владата немаат ниту програмска заложба, а пак нити идеја за тоа каков систем може да ја подобри општата состојба на нашата заедница,- туку тие се тука без било какво сомневање или оспорување, без размислување, тотално поданички да го спроведуваат она што е наложено од странскиот фактор. Токму овој систем на (нео)либерален капитализам продуцира се она на што оваа Влада е олицетворение – непотизам и корупција, етички релативизам, сиромаштија и огромна класна раслоеност, лоша општа здравствена состојба како и животна средина која дополнително влијае на лошото здравје на народот, нерамномерен развој и урбанистички хаос и се разбира војска на која ѝ е потребно ПРИВАТНО обезбедување!, велат од Левица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This