ЛЕВИЧАРСКИ И ЕКСТРЕМНО ЛЕВИЧАРСКИ ГРУПИ ЌЕ СЕ ОБИДАТ ДА ЈА СПРЕЧАТ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП: Ова е листата на сите 75 групи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Левичарски и екстремно левичарски групи собрани под паролата и настанот DisruptJ20, застануваат против инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

DisruptJ20-640x480

Станува збор за анархистички ќелии, студентски заедници , левоориентирани книжарници, анти-американски веб сајтови, колективи на хакери и други левичарски групи кои се залагаат за радикални движења, го организираат и поддржуваат DisruptJ20 и се обидуваат, а и вечерва ќе се обидат да ја попречат инаугурацијата на Доналд Трамп.

Што е DisruptJ20?

disrupt

„Ние градиме рамка која е потребна за да се организираат и спроведат масовни протести со цел да се попречи инаугурацијата на Доналд Трамп. Планирани се директни акции на многу места, кои треба да ја постигнат целта. Исто така нудиме и сместување, храна па дури и правна помош за сите оние кои што сакаат да ни се придружат“, се вели во описот на официјалната страна на DisruptJ20.

Нивните планови на реализација:

disrupt.gif1

 

„Планираме серија на масовни и директни акции кои треба да ја попречат инаугурацијата, како и сите прослави поврзани со неа како на пример инаугурациониот бал. Планираме да го парализираме градот, користејќи блокади за да се попречи сообраќајот и движењето. И секако, бидејќи сакаме забава, ние ќе организираме и забави на улиците, пишува на нивниот сјат.

Левичарски и екстремно левичарски групи веќе позната шема и пропаганда:

Околу 75 левичарски и екстремно левичарски групи сакаат да ја попречат инаугурацијата на Доналд Трамп, и да го погазат гласот на милиони американци кои на демократски начин го избраа новиот американски претседател.

Најшокантна е нивната идеологија, пишува Брајтбарт, поддржана од големи медиумски куќи како што се  New York Times, Huffington Post, CNN, National Review, кои и за време на кампањата а и по изборите покажуваат непрофесионалниот. Зборовите, начинот на кој се претставуваше Трамп во јавноста е против сите новинарски правила.

Брајтабрт, направи листа на сите 75 левичарски и екстремно левичарски групи кои изминатиот период ја оспоруваа победата на Трамп, вечерва ќе се обидат да ја попечат инаугурацијата, а можеме да очекуваме дека ќе бидат активни и во деновите кои следат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This