„ЛЕГАЛНА ШПИOHAЖА“ НА ФЕЈСБУК: Кои компании ве шпиoниpaaт и како да ги спречите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако не сте внимателни Фејсбук ќе дозволи целосно и константно да бидете надгледувани, а сите ваши лични податоци ќе бидат продадени на компании кои се спремни да платат висок цени за тоа.

Вашите лични податоци, професија, интереси, политички ставови, религиска определба, навики, слики, локации, движење и времето поминато на интернет се податоци кои ги собираат без вие воопшто и да знаете. Погледнете на кои се компании Фејсбук им дава пристап до вашите податоци.

Управниот одбор на Фејсбук смета дека виртуелната реалност е иднината на луѓето, и дека тие би располагале со сите наши приватни податоци.

Марк Зукенберг, кој „тежи“ 44,6 милијарди долари своето богатство го заработи покрај другото од продавање на ваши лични податоци на трети страни, со што фејсбук стана најголем шпиoн на сите времиња кој со податоците од своите корисници може да располага како сака.

Правото на надгледување, следење и прибирање податоци од корисниците, односно легалната шпи oнажa и заработката од истата на ФБ му го потврди и Белгискиот одбор за право на приватност, по што тие почнаа да добива приватни тyжби поврзани со шпиoнaжa и подажба на податоци. Тие можат да ги користат вашите податоци дури и ако сте одјавени од профилот.

Сепак постои решение за ова. Еве како да се ослободите од „лешинарите“ Фејсбук.

Кликнете на вашето име и презиме и кликнете на трите точки за да ви се отвори опцијата за уредување на профилот.

Кликнете на уредување на времепловот.

Прегледајте ја опцијата Времеплов и тагнувања за да видите кој се може да објавува на вашата страна односно на ѕидот, кој може да ги гледа вашите објави и фотографии и вашите обави и објавите на кои сте означени.

Потоа кликнете на опцијата „Апликации“ и ќе видите листа на сите апликации кои ве следат преку ФБ. Една по една исклучете ги грабливците на кои ФБ им дозволува да ве шпиoниpаат.

На  сликата можете да видите пример од компании кои шпиo

Добро прочитајте ги упатствата за приватност на ФБ. ФБ тврди дека вашето име и презиме, насловната фотографија, пол, корисничко име се јавно достапни за сите корисници на ФБ, како и на апликациите на кои сме им дозволиле пристап. Со други зборови не постои никаква приватност.

Значи кога користите ФБ најважно е да им оневозможите на трети страни да прибираат ваши податоци.

За да го сторите тоа во опцијата „Апликации“ кликнете на уреди во делот „Трети страни“ и ќе видите кои се податоци можат да ги прибираат и користат.

ФБ исто така тврди дека податоците се прибираат за да  ви се овозможи поголемо уживање во социјалните мрежи. Тоа е лaга. Се работи за најобична шпиoнaжa и навлегување во приватноста. Зошто било која компанија од Кина или некаков култ од САД би требало да знаат за вашите активности, афинитети, ставови, место на живеење, контакти и така натаму.

Сепак, се работи за лични податоци, а не за производи со кои може да се тргува. Порада тоа исклучете ги сите опции во Апликации  за никој да не го пика носот во нешта кое се однесуваат само на вас и на вашите пријатели.

Следни се опциите за огласи.

Откако им оневозможивте на апликациите да ве следат и шпионираат, на ред се компаниите кој ги прибираат вашите податоци за да тргуваат со нив. Шпионажата од овие компании можете да ја исклучите опциите „Огласи“.
Исклучете сѐ!

Голем дел од огласите прибираат ваши лични податоци и врз основа на тоа ФБ објавува реклами на вашата почетна страница. Нив ги интересира вашиот брачен статус, работодавач, работно место и образование. Исклучете ги сите опции за да можат само вашите пријатели да ги гледаат овие податоци.

Сите нагодувања морате да ги прегледате едно по едно за да оневозможите ФБ да собира и препродава ваши податоци.

Сигурно сте забележале како после пребарување низ интернет на ФБ ви се појавуваа реклама поврзана со пребарувањето. И овде станува збор за прибирање податоци и шпиoнaжa, која можете да ја ограничите.

Во опцијата „Огласи во апликации и на веб страни надвор од ФБ“ изберете НЕ, со што ќе ги намалите рекламите што ви ги праќа ФБ со што ќе се ограничи нивниот пристап до вашите податоци.

За дополнителни да го оневозможите шпиoниpaњeто во „Огласи поврзани со активности на социјалните мрежи“ кликнете на „Само моите пријатели“ и ќе спречите да се следат вашите допаѓања и реакции на туѓите објави.

Шпиoниpањето н\ интрнет не можете да го оневозможите во целост, но можете делумно да го ограничитесо „Do not track“ или „Blur“додаток на вашиот интернет пребарувач. За спас од досадни огласи и шпиoниpaње можете да го користите Малвербајтс, додека за комплетна заштита на вашиот компјутер најдобра програма за заштита е Касперски. Опциите за следење и шпионирање на Гугл и Гугл хром е невозможно да се исклучат за разлика од Мозила Фајрфокс кој е далеку посигурeн. Најбезбеден интернет пребарувач кој нема да ве шпoниpa е ДакДакГо. За оние што бараат поголема анонимност на интернет најдобра опција е Тор бидејќи не може да се шпионира, но токму од таа причина ФБ и другите социјални мрежи не дозволуваат пристап до нив од овој пребарувач.

Сигурноста, приватноста и слободата наинтернет не се право тукy привилегија до која се потешко се доаѓа. Мораме да имаме знаење и алати за да се заштитиме од секакви грабливци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This