Легендарниот Стинг ја почувствува вардаровата магија и доби дрес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонски Вардар стана европски ракометен првак, а честитки доаѓаат од сите страни. Вклучувајќи и од познатата пејачка супер-ѕвезда Стинг, кој вечерва ќе има концерт во Скопје и прифати да направи нешто што никој не го направил претходно.

Пејачот требаше да има концерт веднаш по финалето на Вардар и Веспрем, но пред стартот на Ф4 најави дека ќе го помести за нешто повеќе од половина час, затоа што македонскиот тим може да игра финале во ЛШ и дека љубителите на „црвено-црните“ бои ќе сакаат да уживаат во церемонијата.

И, не погреши. Стинг ја почувствува вардаровата магија, а по европската титула, „Авалон продукција“, која го носи во Македонија, му подари дрес од РК Вардар со неговото име и бројот 51.

Вардар вторпат стана шампион на Европа, по 2017 година. Сега го победи Веспрем, а претходно славеше над ПСЖ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This