ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА ГО СОСТАВУВА ТИМОТ: Дејан Јовановски ги повика центарци заедно да го направат „Тим Центар“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со огромна мотивација и енергија одлучив да влезам во нов предизвик на следните локални избори, вели кандидатот за градоначалник на општина Центар, кошаркарот Дејан Јовановски во своето обраќање до своите сограѓани.

 

-Денес го формирам новиот ТИМ ЦЕНТАР во кој се добредојдени сите луѓе кои што ја сакаат, живеат, и и’ мислат добро на општината Центар. Тимот Центар има визии и план од општината да создаде место со многу нови содржини, со нови велосипедски патеки, повеќе зеленило, уредени пешачки зони, ислови кои ќе овозможат подобро урбано растење и живеење, рече Јовановски.

Во деновите што следат, нагласи тој, ќе го поминат секоја агол на Центар, ќе зборуваат за плановите, ќе слушаат за проблемите и потребите, а се со цел да ја унапредат нивната средина и да ја направат општината пофункционална.

-Јас сум работлив и упорен човек, совесен и одговорен во својата работа, со искуство во работење и раководење на јавни институции. Ја имаме и најдобрата програма која е подготвена за Центар, со граѓански карактер и шмек. Почитувани соседи, пријатели и сограѓани, јас сум дејан Јовановски, придружете ни се во тимот Центар да ја направиме нашата општина да биде наша гордост.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This