ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ НОВ ТРЕНЕР НА ЕУРОФАРМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Стевче Алушовски е назначен за нов тренер на Еурофарм Работник.

– Во реализација на своите зацртани цели, СЕХА лига за наредна сезона, финале на Куп на Македонија и достојно претставување во преостанатите натпревари од групната фаза на ЕХФ купот, Еурофарм работник продолжува со нов шеф на стручниот штаб, е објавено на клуспкиот фејсбук-профил.

– Тоа е Стевче Алушовски. Во име на клубот го изразуваме нашето огромно задоволство што битолската ракометна легенда седнува на тренерското столче на нашиот клуб.

– Убедени сме дека неговото знаење, искуство, професионалност и посветеност на работата ќе придонесат за остварување на нашите цели и прогресот на нашиот клуб, велат од РК Работник.

Алушовски на тренерската позиција доаѓа на местото на српскиот стручњак Ѓорѓе Чирковиќ со кого вчера беше спогодбено раскинат договорот за соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This