March 28, 2024, 12:20 pm

ЛЕГИТИМНОТ ПРЕТСЕДАВАЧ ЗА СЛУЧУВАЊАТА ВО СОБРАНИЕТО: Не смее никој да се удира во гради и да прави што сака во Собранието!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За следните случувања во Собранието можеме да збориме од два аспекти, од правен легалистички и од политички јас прво ќе кажам од правно легалистички дека ако ние го почитуваме правниот поредок и норми ние ќе имаме држава, но ако не го почитуваме ние немаме држава и во сите демократски држави е така и осовата во демократијата е да се почитуваат правилата, изјави Трајко Вељаноски за вестите на телевизија Сител.

trajko_veljanovski

-Не смее некој да се удира во гради и да вели дека ја има бројката и ќе правам онака како што сметам дека треба да се прави, тие со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието го прекршија аконот на собранието, уставот и деловникот на Македонија. Тие го прекршија член 9 од деловникот, член 63 од усавот и согласно законот Собранискиот канал ја пренесува седницата а не можат тие со мобилен телефон да ја пренесуваат. Тие го прекшија и член 80 од став 2 од деловникот каде што пишува дека секој кој побарал збор треба да им се даде и додека сите не завршат со збор не може да се преиде на следна точка. Тие исто така го прекршија кворумот, тие врз која основа увидоа колку има присутни пратеници и колку гласале. Исто така тие ги изоставија и службите, и гласањето не беше легитнмно, тие врз која основа утврдија колку гласале ЗА, а колку пратеници против и воздржани колку пратеници биле.

Тој потенцираше и дека мора да се држиме до правото, ако не се држиме до правото политика ќе надвладее и според него ќе се случат едни несмасни работи во државата и ќе настане тотален хаос. Политиката треба да го следи правото и тоа не смее да биде над него бидејќи не може некој да биде претседател на Собрание без да се објави одлука во службен весник, тие вршеле притисок и го избрале Талат Џафери за претседател без да биде објавен во службен весник.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This