April 19, 2024, 12:42 pm

ЛЕДЕНО УТРО:Ова се утринските температури низ Македонија, во Скопје измерени -15 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најстудено во Македонија изутринава е во Берово, каде што се измерени – 18 степени, во Скопје-Петровец и Крива Паланка -15, а во Куманово, Маврово и Крушево -14 степени. Во Ѓуриште се измерени -13, во Лазарополе и Пожаране -12 а во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Виница -11 степени. Во Гевгелија се измерени -5 степени,  минус седум во Битола,  минус осум во Прилеп, Дебар, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, и -10 во Штип.

 

 

Најмногу снег, пак, има во Маврово, каде висината на снежната покривка изнесува 87 сантиметри, во Лазарополе 79, во Крушево 58 и во Пожаране се измерени 50 сантиметри.

Поради студениот бран, Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство препорача да се ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години.

За оние работници кои работат на отворено се препорачува реогранзиација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи по половина час во топли простории на секои два часа.

Комисијата апелира да се избегнува физичка активност на отворено, а при движење да се внимава на лизгави површини и да се носи топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, како и почесто да се консумираат топли напитоци. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија. Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

УХМР информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.

Во вечерните и ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во втората половина на ноќта на некои пониски места ќе поминуваат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд.

Утре ќе биде облачно со врнежи кои уште во текот на претпладнето на повеќе места ќе поминуваат во дожд, а попладне ќе бидат од дожд насекаде низ земјава, но ќе слабеат по интензитет. За време на викендот ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка. Во сабота преку денот ќе биде главно суво, но во текот на ноќта кон недела и во недела наутро повторно ќе има врнежи претежно од дожд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This