March 28, 2024, 10:59 pm

Лексус започна со продажба на првиот модел со „дигитални“ ретровизори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што беше најавено во септември, јапонскиот премиум бренд на купувачите во Јапонија им го понуди моделот “ES” кој што има камери, наместо огледала на ретровизорите.

Долго време производителите претставуваат концептни автомобили кои што наместо стандардните ретровизори, се опремени со камери, а Лексус е првата компанија која што ова решение го имплементираше во еден сериски автомобил.

На купувачите на моделот “ES” ќе им биде овозможено за прв пат да уживаат во оваа технологија, а треба да се спомене дека ваквите ретровизори кои што се дел од опционалната опрема засега може да се нарачуваат само во Јапонија каде што тоа и законски е дозволено.


Новиот систем се состои од две камери кои што се поставени на местото каде што вообичаено се наоѓа огледало, а сликата се проектира на два екрани со дијагонала од 5 инчи кои што се сместени во предниот лев и десен агол од кабината.

Овие ретровизори покрај тоа што нудат подобра видливост навечер и при услови на дожд и снег, исто така придонесуваат и за подобра аеродинамика на автомобилот, помал отпор на воздухот што значи и помалку бучава во кабината, но и помала потрошувачка на гориво.
Од јапонскиот производител најавија дека во иднина ќе ја прошират понудата на дигитални ретровизори и на останатите модели од својата гама.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This