ЛЕНЧЕ РИСТОВСКА ВМЕШАНА ВО БИЗНИСОТ НА АНДРЕА ЈОСИФОВСКИ: Дали oбвинитeлкaтa Ристовска го штитела шефот на „Макпетрол“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалот за кој „Инфомакс“ пишуваше уште пред две години, добива ново светло, откако свиркач во обвинителство до нашата редакција испрати информации кои ја поврзуваат oбвинитeлкaтa на СЈО Ленче Ристовска, со случајот на државата против Андреа Јосифовски како генерален директор на „Макпетрол“

Како што дознваме, во 2015 година против Андреа Јосифовск била вложена кpивичнa пријава преку основното јавно oбвинитeлcтвo, а поврзана со кpиминaл тежок неколку милиони евра. Освен Јосифовски, во пријавата биле опфатени уште 25 раководители во акционерското друштво.

Истрагата која МВР ја водела подолго време, произвела сериозни, силни докази, но по поднесувањето на пријавата и доказите во ОЈО, експресно била отфрлена. Како oбвинитeл во случајот била назначена Ленче Ристовска која ја отфрлила пријaвата. Ристовска денес е oбвинитeл во СЈО.

Свиркачот за „Инфомакс“ додава дека отфрлањето на пријавата следело откако во случајот се вмешал и странски фактор, бидејќи како што вели, настанало „натегање“ помеѓу „американците и русите“. Имено, во 2016 година, Александар Каплан и Александар Смузиков како сопственици на „Балкан Петролеум Холдин“ сакаа преку Македонската берза да направат превземање на „Макпетрол“ во вредност од околу 600 милиони евра.

Иако компанијата доби гаранции од неколку европски банки, меѓу кои и „Дојче Банк“ за превземање на компанијата. Користејќи го своето влијание, додава свиркачот за „Инфомакс“, од Макпетрол успеале да извршат влијание во КХВ но и ОЈО, со цел да се стопира превземањето на компанијата.

Дел од доказите за сомнителниот бизнис на Јосифовски го објавивме уште во 2016. година, но тогаш не постоеа сознанија дека во процесот била вклучена и Ленче Ристовска, сега oбвинитeлкa во СЈО, тогаш во ОЈО.

Од документите кои беа објавени во 2016. година, на кои се гледа дека Јосифовски преземал низа активности кои се законски забранети во Македонија, а со цел да ги избегне редовно отварал и затварал фирми во оф-шор земји, преку кои ги „канализирал“ парите од „Макпетрол“, прво преку „Оилко“, а потоа преку оф-шор компаниите за на крајот да завршат во приватни џепови.

Имено, Јосифовски преку „Оилко“ испумпувал огромни количини на пари на име на фактури за транспорт, што предизвикало „Макпетрол“ да има огромни загуби што пак резултирало со еквивалентно зголемување на профитите на „Оилко“.

За овие пари да бидат извадени легално и собрани во џеповите на Јосифовски и неговите соработници, Андреа направил низа на шеми првично користејќи ја технологијата на формирање на оф-шор комапнии како ММ-Оил Канада(името е дериватив од имињата на неговите ќерки Милица и Марија), PETROIMPEX (комапнија во сопственост на Аднреа Јосифовски, преку која се испумпани десетици милиони евра), FIRSTINVEST (компанија која се појавува како инвеститор во ММ-Оил Канада).

vtor_makpetrol

tret_makpetrol

cetvrt_makpetrol

pet_makpetrol
sest_makpetrol

sedum_makpetrol

Сите овие компании, и повеќе биле дел од кpиминaлнитe иновации на Андреа Јосифовски во испумпувањеот пари од „Макпетрол“ и деградацијата на цента на акциите на компанијата, притоа стекнувајќи се со огромно богатство врз грбот на акционерите во комапијата, но и 2.000 вработени кои се под притисок јавно да зборуваат за она што се случува пред нивните очи, бидејќи се под закана да го загубат работното место.

Свиркачот за „Инфомакс“ додава дека, за отфрлање на пријавата против Јосфивоски клучен бил ангажманот на еден моќен амбасадор во земјава.

Случајот го потврдува и контроверзниот новинар Зоран Божиновски, кој на својот профил објави дека кривичната пријава навистина била отфрлена.

„Еден од најголемите корупциски скандали во пpaвocудcтвoтo е предметот КО-336/15, кога е платено во ОЈО Скопје да биде отфрлена кривична пријава против 23 секторски директори во АД ‘Макпетрол’. Биле обвинети за најтешки злоупотреби и за затајување данок, предводени од генералниот директор Андреа Јосифовски.

Претходо полицијата работела две години на прибирање докази за овој предмет и сите биле предадени на ОЈО Скопје, со кривична пријава…

Ама Јосифовски, ‘покрил’ со многу кеш!“ – пишува Божиновски на својот ФБ профил.

Дека во работата на Јосифовски навистина постои сомнеж дека работел незаконски и прикривал данок, користејќи офшор компании и сметки, каде како управители се назначени негови блиски роднини, докажуваат и документите објавени во овој текст:

 

https://infomax.mk/wp/%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B5%D0%B0-%D1%98%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BE/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This