April 26, 2024, 11:27 pm

Леонардо ДиКаприо со пpeдyпредување до Сараево, им порача на властите во БиХ да престанат со изградба на хидроцентрали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холивудската филмска ѕвезда и активист за животна средина Леонардо ди Каприо ги повика властите во БиХ да престанат со изградбата на мали хидроцентрали, неколку дена откако граѓаните на голем протест успеаја да го запрат почетокот на работата на 15 енергетски постројки.

Тој им го честиташе на жените од Крушица во ФБиХ овогодинешниот „Зелен Нобел“ за борбата за спасување на реките и изградбата на мини-хидроцентрали, а особено им се обрати на Владата на Федерацијата БиХ и федералните парламентарци.

„Им честитам на храбрите жени на Крушчица и г-ѓа Билал од Босна и Херцеговина за освоената престижна награда за заштита на животната средина и неуморна борба за спасување на нивната река од малите хидроцентрали, истовремено соочувајќи се со вооружен полициски напад, заплашување и закани“, напиша Ди Каприо.
Оваа, како што вели, победа се должи на глобалната активистичка кампања за забрана за изградба на нови мали хидроцентрали во БиХ.

Тој смета дека, сепак, тоа не е доволно за да се спасат 240 реки од бетонски цевки.

Затоа тој им порача на Владата на Федерацијата БиХ и федералните парламентарци да ги активираат и да ги усвојат законите што се потребни за заштита на реките.

„Сега е клучно парламентот на Федерацијата БиХ да го донесе законот за електрична енергија во очекување и трајно да забрани изградба на стотици планирани мали хидроенергетски проекти и да ги ревидира сите активни дозволи, од кои многу се издадени незаконски. Заедницата за глобална заштита го повикува Домот на народите на ФБиХ, предводена од Томислав Мартиновиќ, да преземе итни мерки, да го претстави нацрт-законот пред делегатите и да ги зачува скапоцените босански реки“, се вели во писмото на Ди Каприо, објави сараевскиот портал Кликс.

Овој славен американски актер го објави и минатиот октомври по повод забраната за изградба на мали хидроцентрали, кога јавно ги поддржа протестите што беа одржани низ целата земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This