ЛЕПА БРЕНА ОТКРИ ШТО МИСЛИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“ (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата музичка ѕвезда во регионот Лепа Брена годинава слави 35 години кариера, а по тој повод на 15 декември ќе одржи спектакуларен концерт во салата „Борис Трајковски“.

По тој повод популарната пејачка беше во Скопје и даде интервјуа за неколку медиуми.

Имено, во нејзината продукција „Гранд“, се емитува музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што има многу македонски претставници, а меѓу нив и Огнен Здравкоски, Стефан Величковски, Адам Лабунски, а пред 2 години победи и охриѓанецот Ристе Ристески.

https://www.instagram.com/p/BoW2I2znOZz/?utm_source=ig_embed

Во интервју за „Канал 5“ , Брена истакна дека во Македонија има добри пејачи.

„Македонија и Македонците имаат многу добри квалитети. Обичено за вели ако одиш некаде немој ни да пееш ни да играш, а во Македонија ако не знаеш немој ни да пееш, ни да играш. Јас лично мислам дека „Ѕвездите на Гранд“ докажаа дека македонската нација е многу талентирана, имате многу талентирани пејач и пејачки“ вели пејачката.

Брена истакна дека често доаѓа во Македонија бидејќи има неколку ресторани кои ги посетува.

Од друга страна, Брена беше на снимање на емисијата „Еден на еден“, па Жаре ја искористи приликата да се фотографија со фолк дивата.

Жаре на социјалните мрежи сподели фотографија со Брена, а емисијата ќе се емитува во следниот период.

https://www.instagram.com/p/BrBQqYvAEd3/?utm_source=ig_embed

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This