ЛЕПЧЕ КОЕ СЕ ПРИГОТВУВА ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ:Пресно лепче со сода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е многу стар и наједноставен рецепт, кој се приготвувал уште од дамнина и тоа рано наутро на Богојавление Водици. Се јаде заедно со пивтиите приготвени претходниот ден кога е строг пост.

Вкусот и мирисот на ова топло лебче е незаменливо, а е толку едноставен и по состојките и по брзиот начин на подготовка.

Потребни состојки:

500гр. брашно

1/2 филџан масло

1лажичка сода бикарбона

1лажичка сол

1/2 лажичка шеќер

по потреба топла вода

Во длабок сад ставете ги сите состојки и со топла вода замесете средно меко тесто, (како за секоја погача).

Во округло плекче (или калап со обрач )ставете масло и премачкајте.

Замесеното тесто ставете го во плекот и со раце расплескајте го низ целиот плех. Потоа свртете го од другата страна и уште малку расплескајте. С
о помош на вилушка украсете го лебчето и оставете да отстои додека се загрее рерната на 200 степени.
Откако ќе се загрее рерната до оваа температура ставете го да се пече додека убаво зарумени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This