ЛЕСНО КАКО ДЕТСКА ИГРА: Хакнување во системот на избори во САД е лесно како детска игра, а 11.годишната Бјанка тоа го докажува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да ги хакнеш изборите во САД се докажува дека е лесно како детска игра, пренесуваат американските медиуми. 11. годишната Бјанка Луис има многу различни интереси. На пример, таа ги сака куклите Барби, видео игрите, пеењето…и разбирањето на компјутерските системи кои стојат во позадината на најсилната држава во светот. „Сакам да прашам и дали можам да ги променам гласовите за Доналд Трамп“, прашува таа, „Ќе се обидам да му дадам помалку гласови. Можеби тогаш ќе го надитрам целиот систем“

За среќа на американскиот претседател, Бјанка врши напади на сајтот за изборите во САД, а не оригиналниот систем. Таа учествува во натпревар, организиран од „Рутс онлајн“ – невладина организација, која работи на „хакерство за добра кауза“.

Целта на НВО-то е да испрати силно предупредување, дека системите за отчитување на гласовите, кои ќе се користат во САД за време на изборите за Конгрес во ноември, не е заштитен и дури и дете може да научи како да ја пробие заштитата и да ги хакне изборите.

Хакирањето на вистинскиот сајт на изборите е незаконско. Затоа организаторите на настанот направиле 13 сајта, реплики кои служат за наптреварување на пријавените хакери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This