ЛЕТНА ПИЛЕТО, А ТАРАВАРИ? Министерот наместо да одговори зошто умираат луѓе, тој се расправа како мамурен на Фејсбук!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Арбен Таравари замина на патување во САД иако веројатно знаел дека во гостиварско има лица со тежок вирус кој е непознат и се во тешка состојба, велат фактите од изминатите неколку денови и изјавите на вклучените во случувањата.

Откако непознатата хеморагична треска имаше трагични последици и две такви лица за жал починаа, јавноста постави низа прашања до министерот Таравари дали преземал нешто за да се дознае зошто починале лицата, дали има човечка одговорност и дали тој чувствува било каква одговорност за случувањата имајќи ги предвид работите кои и самиот ги призна и изнесе: пред тој да стане министер, само од почетокот на годинава, четири лица се лекувале од истата болест и ниту еден не умрел.

Сега Таравари сака да ја убеди јавноста дека всушност тоа што 7 други заболени не починале (во моментов се лекуваат, од истото гостиварско село) е големиот успех со кој треба да сме задоволни, а тоа што двајца сепак починале од болест која Таравари кажа дека се лекувала во минатото, тој сака да биде игнорирано и заборавено.

Вистина е дека тој лично не можел да стори ништо за да ги спаси луѓето кои се разболеле бидејќи се наоѓа во Соединетите Американски Држави, но системот кој го раководи и за кој одговара – можел. Сигурно може да провери дали има човечки фактор кој придонел за нивната смрт, да ги провери шпекулациите за немање реагенси за да се детектира болеста додека биле живи и сите други потенцијални околности кои можеби довеле и влијаеле на трагичниот епилог.

Наместо тоа, Таравари зеде да ги обвинува политичките противници дека поставувањето на овие прашања и отворањето на овие дилеми била злоупотреба за политички поени во која се користеле смртни случаи.


Прво, смртни случаи за политички поени користеше целата гарнитура која е сега на власт кога Тодоров го обвинуваа за секој смртен случај во македонското здравство, директно припишувајќи му го нему и нарекувајќи го Министер Смрт и од улиците и по митинзи и по собраниски говорници, како што тоа го правеше Шилегов. Сето ова резултираше и со обид за убиство на поранешниот министер.

Второ, Таравари како министер за здравство треба да научи како да разговара за случувањата во својот ресор, да не се однесува како жртва и да ги поведе сите постапки и процедури кои се потребни во ваков случај.

Наместо тоа, тој сака да ја убеди јавноста дека со двајца мртви работата е под контрола, како и дека е жртва на политички маркетинг, односно дека жртвата која ја трпи тој во моментов е поголема од жртвата на починатите од болеста која можела да се излечи.


Таравари треба и мора да детектира ЗОШТО не се излекувале и двајцата починати, како што се излекувале тие четворица кои тоа го сториле пред тој да е министер, наместо да кажува што е човечки, што не е. Платен е за првото, а не за да изигрува жртва.

Ова не е прв пат да се обиде да се прикаже како жртва. После само неколку дена како министер напиша обемен километарски пост на фејсбук во кој се жалеше дека доцна легнувал, рано станувал, не си ги гледал децата и мајка му многу се секирала бидејќи и бил единец. „Е добро де, па сите министри на ВМРО-ДПМНЕ 11 години тоа го правеа и никој не се пожали“ беа дел од коментарите на социјалните мрежи во тој период.

Сега повторно ја покажува таа црта од својот карактер, дека тој многу се жртвува, дека пати и крвари за македонското здравство, а во Америка е заминат затоа што оргаизирал неколку состаноци и нарачал неколку интервјуа – сето тоа за личен пи-ар за кој ги обвинува оние кои бараат од него да си ја работи работата и да се труди да му умираат помалку луѓе.

Како инаку освен како нарачано интервју ќе се објасни интервју на министер за здравство во Македонија после 55 дена во кои не направил ништо освен што напишал 10-тина статуси, смислил глупава акција со хаштаг #ЗдравоТаравари, се жалел дека му е тешко, излажал дека има сомнеж за незаконско работење во здравството после САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ како министер и прави се што може за да се блокира изградбата на клиничкиот центар Мајка Тереза?


Дополнително, во текот на денот упати уште еден арогантен одговор преку статус за прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во која од него бараат оставка и одговорност за починатите кои, како што кажа самиот тој, можеле да бидат излечени. Во неговиот статус наместо со сериозен пристап кон темата имајќи предвид дека сеуште има лица кои се лекуваат од оваа хеморагична треска, тој агресивно се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ кое веројатно би сакал да може да каже повторно дека е виновно за смртта на пациентите „на негова смена“.

Но едно е сигурно: никој друг не му е виновен затоа што починаа луѓе во чудни околности, не се знаеше од што се болни, ниту пак зошто лекарите биле толку неспремни. Ниту пак затоа што заминал за САД или со незнаење дека има такви случаи што е многу лошо, или со знаење што е уште полошо. Јавноста шпекулира дека се обиделе да ги сокријат случаите, но новите заболени едноставно морало да бидат донесени во Скопје на инфективната клинија.

Многу прашања, малку одговори од министерот кој тврдеше дека ќе е одговорен, отчетен и професионалец – само на хартија. Во реалноста, освен пи-ар активности, нема ништо сработено.

Добро, го заборавивме и метењето со метли на дворот на клиничкиот центар, уште една акција која чувствителниот Таравари ја нарече „херојска“. На својот фејсбук, се разбира.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This