ЛЕТНА РАСПРОДАЖБА НА МАКЕДОНИЈА: Следно на менито – името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ се гордее со сработеното во изминатите три месеци и понатаму не планира да ја промени агендата со која работи на подобрување на односите со соседите изјави Бујар Османи.

Во своето интервју за МИА тој истакна дека Македонија завршила две крупни прашања едното е договорот со Бугарија а другото прашање е законот со јазиците и во следниот период има енергија да се фокусира на проблемот со името. За владата на СДСМ овие две прашања се од исклучително значење бидејќи штитењето на македонските национални интереси во овие два случаи значи блокирање на членството на Македонија во ЕУ и НАТО од соседна Бугарија и Албанија. Прашањето останува до каде оди цехот и цената која Македонија треба да ја плати за стане дел од овие меѓународни институции, односно кој е следниот компромис кој Македонија треба да го направи за да стане дел од евроатланското семејство.

Првиот чекор кој владата на СДСМ го направи и ги стави македонските национални интереси настрана беше договорот со Бугарија со кој избриша неколку века македонска национална историја и за членството во НАТО продаде неколку македонски национални празници. Од народот ја доби заслужената казна па на прославата на најголемиот македонскит национален празник Илинден неможеше да го собере ниту своето членство. Следно на репертоарот беше законот за јазиците кој треба да го тргне потенцијалното вето за НАТО од Албанија која ќе се водеше со изговорот дека го штити албанското малцинство во Македонија. Зоран Заев ветуваше дека нема да има никакви казни и реперкусии за оние кој нема да го говорат албанскиот јазик, дека нема да има двојазични униформи и пари, дека нема да има двојазичност на целата територија на Македонија, Бујар Османи во интервју за Алсат ги потврди овие измени и сите ветувања на Заев паднаа во вода. Законот за јазици беше дел од Тиранската Платформа и е основа на која албанските партии кој се дел од владината коалиција ќе побараат подршка од албанските гласачи на локалните избори. Иднината на Македонија во овој момент е иднина на една двојазична држава.

Досега јасно и е на јавноста дека на ветувањата на Зоран Заев неможе да им се верува, но затоа Бујар Османи остана верен на својот збор, тој најави и казни и двојазични пари и двојазични униформи, тој најави двојазичност на цела територија. Сега Османи најавува решавање на проблемот со името. Единствен начин Македонија да го реши спорот кој Грција го има со нашето име е да го промени. Па така парафразирано владата на СДСМ има енергија да го промени името на државата еднаш за секогаш, онака како што го промени знамето и ни ја сервира привремената референца која трае повеќе од 20 години. Казната за договорот со Бугарија и за неуставниот закон за јазиците мора и ќе стигне набрзо на локалните избори на 15 октомври и сите против уставни законски решенија и договори кои не се ратификувани во македонското собрание ќе бидат ревидирани. Но доколку Македонија го промени името враќање назад нема, Османи токму сега пред очите на целата јавност ја најави промената на името. Токму поради ова час поскоро мора да има предвремени парламентарни избори кои ќе бидат еден вид референдум на кои македонскиот народ ќе се изјасни дали е за или против промена на името, народот ќе мора да се изјасни дали е за СДС без М или ВМРО-ДПМНЕ.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This