ЛЕШНИЦИ И ОКТОПОДИ, А ВОЈСКАТА БЕЗ ЧИЗМИ: Шекеринска без грам срам набавува морски плодови во вредност од 80.000 евра, а за потребите на војниците нема мрднато со мал прст!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шекеринска пред само 10 тина дена изврши набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци, за потребите на нејзината трпеза во министерството за одбрана. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој луксуз граѓаните ги чинеше дури 5.000 евра.

-Сега почитувани граѓани, на електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на морски плодови, според кој договорен орган е Министерството за одбрана со кое што раководи Радмила Шекеринска. Проценетата вредност без ДДВ изнесува точно 4.860.952,00денари, односно околу 80.000 евра. Без грам срам, надвор од човечкиот разум, Шеќеринска набавува морски плодови во вредност од 80.000 евра, а за потребите на војниците нема мрднато со мал прст. Па ова го нема никаде почитувани граѓани, истакна Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошевски вели дека со ваквиот начин на работење Зоран Заев и Радмила Шекеринска за брзо време ќе ја испразнат државната каса и ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот.

-Пари за покачување на пензиите на пензионерите, нема. Скратија 1.5 милијарди денари за образованието. Пари за покачување на просечната плата нема, а има за морски плодови, апетисани, лешници, саксиски цвеќиња и многу други непродуктивни работи од кои граѓаните немаат никаква придобивка. ВМРО-ДПМНЕ неколкупати јавно го предупреди Заев и неговата недомаќинска влада да престанат да се однесуваат расипнички и да ги трошат парите на граѓаните за да ја задоволат сопствената жед за луксуз и комотен живот. Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа неодговорната политика на неспособна влада на СДС и Заев, изјави Милошевски.

Милшевски истакна дека поради негрижата, неспособноста и неодговорноста граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе го казнат Зоран Заев и СДС. Тој порача дека граѓаните ќе му кажат НЕ на расипникот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и екипата околу нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This