ЛЕЈДИ ГАГА И АНЏЕЛИНА ЏОЛИ СЕ БОРАТ ЗА ИСТА УЛОГА?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските актерки Лејди Гага и Анџелина Џоли се нашле во непријатна ситуација бидејќи и двете сакаат да ја глумат Клеопатра во новиот филм кој веќе со години се најавува.

Гага е новото холивудско освежување на филмското платно, а со улогата во филмот „Ѕвездата е родена“, стана и главниот фаворит за добивање Оскар во категоријата главна женска улога. Заблеска рамо до рамо со Бредли Купер, кој воедно е и режисер на филмот. Оваа двојка ги освои критичарите, па не е чудно што Лејди Гага се споменува како една од најверојатните актерски имиња за улогата Клеопатра.

Сепак, како што пренесува британскиот Дејли стар, Гага не е единствената актерка која е заинтересирана за оваа улога.

Клеопатра сака да биде и Анџелина Џоли, која веќе подолго време немала некоја улога, а учествувањето во истоимениот филм би значело нејзино враќање во светот на глумата, после неколку години пауза. Освен тоа, Џоли веќе со години се „натпреварува“ и преговара за оваа улога.

Актерките ќе мора да ја заменат актерката Елизабет Телјор, која во 1963-та година ја отелотворила црнокосата убавица. Режисерите рекле дека главната улога ќе ја добие таа што ќе може да ја замени Елизабет на што е можно подостоен начин, а тоа сигурно нема да биде лесно.

Сè уште не е познато кога ќе почне да се снима филмот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This