Либералната партија бара 3атворање на казината и обложувалниците во населените места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Либералната партија соопшти дека ги охрабрува Владата и Министерството за финансии, по примерот на Република Албанија да се направат измени во Законот за игри на среќа и забавни игри.

За таа цел, велат од партијата, потребно е да бидат укинати активностите на електронските игри на среќа, слот машини, во населените места, бидејќи не одат во прилог на градење здрава нација и држава.

„Бараме да се затворат сите казина и спортски обложувалници кои сега се наоѓаат во огромен број на главните улици низ градовите и селата во Македонија, и блиску до образовните институции“, апелираат од Либералната партија.

Тие предлагаат спортското обложување да се одвива само на интернет платформа, а казината да бидат достапни само во хотелите од висока категорија, или во зони на најмала оддалеченост од неколку километри од населените места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This