ЛИВЕРПУЛ ПАТУВА ЗА БЕЛГРАД БЕЗ ШАКИРИ: Знаеме Србите колку го „сакаат“, одиме за Белград да играме фудбал и тоа ни е единствениот фокус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ливерпул го изостави швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири од списокот на играчи кои ќе патуваат во Белград за средбата од Лигата на шампионите против Црвена Звезда.

Од клубот ја донесоа оваа одлука поради можните напади врз Шаќири, кој на Светското првенство многу ги налути српските граѓани со прославата на голот против нивната репрезентација.

– Одиме во фантастичниот Белград како фудбалски тим за да играме фудбал. Слушнавме каков дочек се очекува за Шаќири, и бидејќи немавме идеја дали ќе се случи тоа, за да останеме 100% сконцентрирани на фудбалот, и да не мислиме на ништо друго, не го повикавме за овој натпревар. Ние сме Ливерпул, голем клуб и нема да даваме дополнителни пораки по ова. Не сакаме да испраќаме политички пораки. Сакаме да се фокусираме на одличен фудбал ослободен од се друго.

– Сакаме да бидеме почитувани, и за да ги избегнеме одвлекување на нашето внимание се одлучивме Шак да не биде вклучен во тимот, а тој го прифати и разбра тоа. Шак е наш играч, го сакаме, и тој ќе игра за нас уште многу пати, но не и во вторник, изјавил Јирген Клоп пред утрешното гостување кај Ц. Звезда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This