ЛИДЕРИТЕ УТРЕ ТРЕБА ДА ПРЕСЕЧАТ ЗА ИЗБОРИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сто дена пред изборите и парламентот треба да ја изгласа новата техничка влада. Мандатот на сите министри и дополнителни заменици министри кои се именувани според Договорот од Пржино, ќе заврши на денот кога ДИК ќе ги објави официјалните резултати од изборите

Четворицата лидери на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во среда на заедничка маса ќе се обидат да се договорат дали има услови за одржување на предвремени парламентарни избори на 11 декември. Сите услови се договорени, недостига само консензус за петтиот член на ад хок-телото за мониторинг на медиумите во предизборниот период.
Четворицата избрани кандидати Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Горан Трпеноски и Љубомир Костовски не можат да се договорат кој од двајцата кандидати што се во најтесен избор да ја добие поддршката за член во ад хок телото. Даут Даути ја има поддршката од Димишкова и Чилиманов, а Сефер Тахири од Трпеноски и Костовски.
За претседателот на СДСМ Зоран Заев некомплетирањето на ова ад хок-тело не може да биде причина за да не се одржат изборите.
“Не треба да дозволиме поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите согласно кој ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август, ние претседателите на поголемите партии, ќе објавиме дека 11 декември ќе биде датумот на изборите”, изјави Заев.
И од владејачката партија се категорични дека има услови за изборите да се одржат на 11 декември. Според нив, одлуката зависи само од СДСМ, бидејќи нивната партија е подготвена за избори, исто како што била подготвена и за избори на 24-ти април, и за избори на 5-ти јуни.
Сто дена пред изборите и парламентот треба да ја изгласа новата техничка влада. Мандатот на сите министри и дополнителни заменици министри кои се именувани според Договорот од Пржино, ќе заврши на денот кога ДИК ќе ги објави официјалните резултати од изборите.

 И петтиот член во ад хок телото чека лидерска

Но и покрај најавите и оптимизмот кај партиите до изборите сепак виси огромен прашалник и не се исклучува ново одложување на најавените избори за 11 декември, со оглед на фактот дека, сепак, обврските не се докрај исполнети.
Ад хок телото за медиумите направи уште еден обид да го избере петтиот член, кој е неопходен за телото да почне со работа. За партиите е спорна и методологијата по која ова тело треба да работи. Методологијата беше усвоена на седница во петокот.
СДСМ бара наместо десет да биде седум дена примерокот врз основа на кој ќе се извлекуваат оценки за балансот во известувањето, најавите и меѓу најавите на определен прилог да се сметаат како составен дел од прилогот, а не да бидат изоставени, а секое прекршување на Изборниот законик да се санкционира, а не како што е предвидено во методологијата, санкција да се изрекува ако за 10 дена се направат минимум десет прекршоци. Советот на Агенцијата реши дека притоа нема да може да ја спроведува законската обврска да го следи известувањето на интернет порталите.

 ДИК ги заврши дополнителните проверки на спорните гласачи

Истече рокот во кој Државната изборна комисија требаше да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи, откако на 19 овој месец истече рокот во кој тие имаа можност сами да се пријават до Комисијата.
На седницата одржана на 23 август ДИК го разгледа и едногласно го усвои Извештајот за пријавените гласачи со спорни записи.
До ДИК во рокот за пријавување од 26 јули до 19 август 2016 година пристигнале 8.922 пријави, од кои 8.901 пријава е прифатена.
Вкупно 3.620 пријави биле лично доставени до ДИК, а 5.302 се поднесени преку електронска апликација. Правната служба на ДИК одбила 21 пријава. Од нив една пријава е одбиена поради нечитлив документ, девет поради несовпаѓање на документ, девет поради неважечки личен документ и две поради некомплетен личен документ.
Согласно утврдениот Извештај на ДИК, пријава не поднеле вкупно 30.467 лица. Според писмено известување од Управата за водење матични книги од 22 август 2016 година 20 лица од списокот се починати заклучно 19 август 2016 година.
Со Законот за дополнување на Изборниот законик, ДИК беше задолжена да спроведе процес на активна регистрација на 39.502 лица за кои при спроведените административни и теренски проверки се утврдени спорни записи.
ДИК по извршени дополнителни проверки преку споредба на списокот од 39.502 лица и Избирачкиот список иззема 113 лица за кои е утврдено дека шест се починати, 51 лице е на привремена работа или престој во странство, 54 го изгубиле избирачкото право по различни основи и две лица поднеле барање за промена на податоци во избирачкиот список. Можност за пријавување имаа вкупно 39.389 лица.

Во среда нов уредник на МТВ

На лидерската средба во среда се очекува да биде соопштено и името на кандидатот, номиниран за уредник во Македонската радио-телевизија. Според договорот, уредникот требаше да биде номиниран од најголемата опозициска партија и да стапи на функција 100 дена пред изборите.

 

 

Извор: Вечер мк

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This