ЛИДЕРОТ НА ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ ПУШТЕН ОД ПPИTBOP: Ерик Друе денеска беше ослободен од пpитвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неформалниот лидер на движењето на „жолтите елеци“, Ерик Друе денеска беше ослободен од притвор до датумот на закажаното судење за обвинението за организирање протест без претходно да ја информира полицијата за настанот, соопштија француските обвинители.

Друе беше приведен синоќа во близина на Плас де ла Конкорд во Париз, каде што тој и другите демонстранти планираа да запалат свеќи во чест на загинатите или повредени припадници на движењето.

Парискиот обвинител Реми Хаиц изјави дека Друе претходно во средата објавил повик на социјалните мрежи за собир во централнозападниот дел на Париз.

– Тој беше уапсен откако ги игнорираше наредбите од полицијата да се тргне од булеварот, изјави Хаиц.
Во изјава за медиумите по неговото ослободување, Друе нагласи дека сакал да бидат запалени свеќи за „повредените или убиените во Париз“, а властите „дури ни тоа не го дозволиле“.

Друе го оцени неговото апсење како политички мотивирано.

Според податоците на француското Министерство за правда, за време на протестите на „жолтите елеци” во Франција, од 17 ноември до 17 декември, биле приведени најмалку 4.570 лица, од кои 1.567 само во Париз, на 216 им е одреден притвор, а во тек се кривични истраги за најмалку 697 лица.

За време на протестите, при кои загинаа 10 лица, а над илјада беа повредени, често доаѓаше до судир меѓу демонстрантите и полицијата и беа опожарени голем број автомобили, а многу продавници ограбени.

Протестите на „жолти елеци” беа насочени против францускиот претседател Емануел Макрон, кој кон крајот на минатата година прифати некои од барањата на учесниците во протестите во врска со даночни олеснувања и економска помош.
Движењето на „жолтите елеци“ настана на 17 ноември, кога почнаа протестите поради зголемувањето на даноците за гориво, а името го доби по флуоресцентната елеци што возачите во Франција мора да ги имаат во автомобилите согласно Законот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This