April 26, 2024, 10:23 am

ЛИДЕРСКАТА ПРОДОЛЖУВА ВО ПОНЕДЕЛНИК: Во скратен формат, лидерите повторно на средба во понеделник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерската средба во скратен формат, со учество на лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе продолжи в понеделник во девет часот наутро, потврдија за МИА од Владата.

Премиерот и лидер на СДСМ упати покана до лидерите на ВМРО- ДПМНЕ, ДУИ и Беса за лидерската в понеделник во девет часот наутро.

Лидерите на четирите партии ќе се обидат да ги испеглаат разликите и да постигнат договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани со престојниот референдум, кој треба да се одржи наесен, а чија евентуална можна формулација ја соопшти Заев на првата лидерска во проширен формат – Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција.

Учесниците на лидерската средбата во четвртокот не постигнаа договор, но како што изјавија по завршувањето на состанокот за некои прашања се приближиле, но за некои имало потешкотии во изнаоѓање заеднички став. Тие по таа средба порачаа дека очекуваат брзо да се најде решение за сите отворени прашања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This