March 29, 2024, 11:22 am

Лидерска средба кај Пендаровски за нов датум за парламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се одржи лидерска средба за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19. Лидерите исто така се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.

На средбата се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, на средбата се очекува да присуствуваат претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами и на ДПА, Мендух Тачи. На разговорите поканети да учествуваат се и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Избори за еден месец, во јули или во друг термин?

Од денешната средба кај Пендаровски се очекува да произлезе решение за датумот за парламентарни избори, за што во изминатите денови партиите од власта и опозицијата изнесоа различни размилувања.

Освен нив поинакви ставови изнесоа и сегашни и поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Дали, сепак, и овој пат на парламентарните избори „ќе им пресуди“ бројот на заболени и евентуалното натамошно ширење на коронавирусот во земјата вклучувајќи го и почитувањето на мерките од страна на граѓаните, останува да се види во наредните денови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This