Лидија Кочовска за бopбата на нејзината мајка со Алцxajмepoвата бо лecт: Ни ги заборава имињата, но секогаш памети дека јас и Тања сме ѝ ќерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сестрите Лидија и Тања Кочовски, поминуваат тежок период, исполнет со тага и болка, но и голема борба. Нивната мајка Невена боледува од Алцхајмер, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање. Карактерот на болеста полека го уништува не само болниот, туку и неговото семејство. Првите симптоми на деменција нивната мајка ги добила пред пет години, а од неодамна состојба е многу влошена пишува Женски Магазин.

– Најтешки се миговите кога ќе стане агресивна. Во една ситуација сакав да ја смирам, но ме турна и паднав на подот. Исто така мора постојано да се внимава да не побегне. Кога ќе реши да излезе, никој не може да ја сопре. Потребни се многу нерви и трпение, но и многу љубов, за да ѝ помогнеш да се смири во тие мигови. – вели Лидија.

Алцхајмеровата болест ја нарекуваат убиец на сеќавањата. Болниот доаѓа до ситуации кога не ги препознава најблиските.

– Мајка ми често ги разгледува семејните албуми. Се сеќава на одредени ликови. Ги бара своите браќа и сестри, кои се починати и плаче по нив. Понекогаш не го препознава татко ми и прашува каде е Панче, иако претходно правеле нормален муабет. Но, мајчинскиот инстикт кај неа е многу голем и во ваква состојба. Се случува да не ги памти нашите имиња, но никогаш не заборава дека јас и Тања сме нејзини ќерки. – открива Кочовска.

Невена и Панче Кочовски беа дел од легендарниот ансамбл „Мањифико”, кој стана свестки популарен, со обработките на латино-американските песни. Свиреа пред Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот. Постарите генерации ги паметат како хуманитарци, кои направиле 42 концерти за настраданото Скопје во земјотресот во 1963 година.

– Се случува да се сети на текстовите од песните кои ги пеела. Затоа ни е тешко и болно што сега со соочуваме со понаква личност. Пред болеста, мајка ми беше жена која никогаш не го покачи тонот. Не беше конфликтна личност и имаше голем праг на толеранција. Едноставно беше идеална мајка и жена. Тоа можат да го потврдат и лугето што ја познаваат. Болеста направи да се појави некој „ѕвер“ во неа. А во тие мигови ни е најтешко. – посочува пејачката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This