ЛИЗГАЛИШТЕ СТАНУВА MPTОВЕЧНИЦА: „Ледената палата“ во Мадрид пренаменета во мpтовечница за жpтвите од Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лизгалиштето во трговскиот центар во Мадрид во понеделникот беше претворен во привремена мртовечница за помош во справувањето со зголемениот број смртните случаи во шпанската престолнина поради коронавирусот, соопштија локалните власти.

Салата за хокеј и зимски спортови во трговскиот центар „Ледената палата“, кој според својата веб-страница има капацитет за 1.800 скејтери – ќе се користи „за складирање на тела“, изјави портпаролката на градското собрание на Мадрид за АФП.

Бројот на смртни случаи како последица од компликации од коронавирусот во Шпанија се зголеми на 2.182, откако 462 луѓе починаа во рок од 24 часа. Мадридскиот регион брои над половина од смртните случаи досега.

Претходно градското собрание на Мадрид соопшти дека 14-те јавни гробишта во градот ќе престанат да прифаќаат повеќе тела затоа што персоналот таму немал соодветна заштитна опрема.

„Подготовките започнаа така што инсталациите во сопственост на „Ледената палата“ можат да прифата тела и да ја олеснат работата на погребните служби во пресрет на оваа исклучителна ситуација. Оваа импровизирана мртовечница ќе започне да се користи „во наредните часови“, се вели во соопштението на регионалната влада на Мадрид.
Трговскиот центар се наоѓа во северната населба Хорталеза во Мадрид, недалеку од Конгресниот центар Ифема, кој е претворен во теренска болница за пациенти заболени од Ковид-19, кои ќе имаат вкупно 5.500 легла.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This