Според неофицијални информации убиецот истрелал 8 куршуми од пиштол мал калибар, но само еден ја погодил жртвата. Полицијата го блокирала местото на убиството и врши увид, а по напаѓачот се трага.

Фирмата на Христов „Лактима“ е еден од најголемите произведувачи на млечни производи во Бугарија. Медиумите наведуваат дека Христов бил советник во Владата н Бугарија и дел од Управниот одбор на холдингот „Пропертис менаџмент груп“, кој обединува фирми од областа на прехранбената индустрија, инфраструткурата, градежништвото, туризмот, финансиите и консалтингот.