Ликер од мушмули: Пијалак кој го чисти црниот дроб, го снижува холестеролот и го регулира варењето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во времето кога природата полека се спрема за зимски сон, едно овошје влегува во својата сезона. Тоа се – мушмулите. Токму сега е вистинското време за берба на ова лековито овошје.

Мушмулите се полни со витамин Ц и го подигнуваат имунитетот па така не штитат од сезонски вируси. Ако сте настинале, тие ќе ви помогнат да се решите од кашлицата.

Мушмулите исто така го регулираат варењето, го регулираат нивото на лош и добар холестерол во крвта и ги чистат црниот дроб и бубрезите.

За да уживате во нивните благодети во текот на целата година, направете ликер од мушмули чиј рецепт можете да го прочитате во продолжение.

СОСТОЈКИ:

600 гр зрели мушмули
500 мл ракија (лозова или од сливи)
250 гр шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Мушмулите добро измијте ги, потоа исушете ги ставете ги во поголема стерилизирана тегла. Ракијата и шеќерот ставете ги во сад па на средно силна температура загревајте додека шеќерот не се растопи. Прелијте преку мушмулите и затворете ја теглата.
Ставете ја на темно, ладно и суво место па наредните седум дена секојдневно протресувајте ја. Потоа ликерот оставете го да мирува најмалку три недели, а потоа можете да го процедите и да го складирате во шишиња.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This