April 20, 2024, 11:25 am

ЛИЛЕ ПОПОВСКА НЕ ГЛАСАЛА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Коалицискиот партнер на Заев, контра предлогот за Уставни измени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, која ште е дел од владеачката коалиција, не гласала на комисијата за уставни прашања која што вчера реши Собранието на пленарна расправа да одлучува за измени во уставот. Откако предходно таа и втората пратеничка на ДОМ, Маја Морачанин не гласаа за Законот за Јазици, ова е втор сериозен удар на малата еколошка партија за владеачката коалиција.

Поповска во 2005 година како дел од владеачката коалиција на СДСМ се спротивстави на Законот за територијална поделба на земјата и влезе во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ од која замина за време на Шарената револуција. Една од причините за ваквото однесување на Поповска може да биде и нејзиниот татко, Академик Блаже Ристовски кој што пред еден месец се потпиша на писмото против промена на името и Преспанскиот договор на кој се потпиша и прославениот чешки писател Милан Кундера.

Согласно договорот со Грција голем број од делата на академик Ристевски ќе треба да бидат повлечени од учебниците и официјалната државна историографија.

Вчера без неа со 10 гласа „ЗА” и 7 „Против”, комисијата за уставни прашања одлучи уставните измени да одат на пленеарна седница на Собранието во понеделник. “За” гласаа пратениците на владеачкото мнозинство, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа „Против”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This