ЛИЛЈАНА КУЗМАНОВСКА: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи заемот за набавка на еко автобуси, тоа е во интерес на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребана е набавка на вакви автобуси, посебно онаму каде што има енормно загадување и ќе се работи против тој дел, поради тоа што еден од главните чинители е и аерозагадувањето и издувните гасови на возилата, посебно во делот на автобусите. Меѓутоа она што сакам јас да потенцирам е дека ние како пратеничка група ќе гласаме за ваков заем и секогаш кога настапуваме во делот на нашите критики е дека доколку како пратеници знаеме зошто се тие заеми односно ќе знаеме каде се трошат тие парични средства ќе дадеме поддршка, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска на денешната собраниска расправа.

Кузмановска истакна дека СДСМ за опозиција гласала против кога владата на ВМРО-ДПМНЕ набавила 400 автобуси. Според нејзе треба да се води грижа од страна на градовите за загадувањето, од причина што кога ветувале дека ќе дојде живот во Македонија, ветувале и еко автобуси со кои подоцна ќе ги донираат и во другите поголеми општини каде што воздухот е загаден, меѓутоа како што рече Кузмановска и тоа е една обична лага и манипулација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This