ЛИЛЈАНА ПЕТРОВИЌ МИ ГО УHИШTИ ЖИВOTОТ: Андријана Будимир пpoговори за врckата со Тоше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако приватниот живот на Тоше Проески беше таен, сепак не поминуваше незабележано. И покрај тоа што го поврзуваа со многу девојки, како негова голема љубов остана запаметена ракометарката Андријана Будимир, со која беше во долгогодишна врска со прекини.

Тие ја започнаа врската во 2001 година, а по три години прекинаа. Повторно се зближија во 2007 година, кога почнаа да живеат заедно, до неговото заминување на 16ти октомври.

Тоше често ми носеше бели рози, моето омилено цвеќе, а јас му ги носев на неговиот гр*б, додека не ми забрани лекарот да одам. Секој пат кога ќе отидев во Крушево завршував во болница- раскажуваше пред неколку години Будимир која по тра*ичната судбина на Тоше не сакала долго да се откаже од носењето црно, видно ослабна и се повлече од јавниот живот.

Според нивни блиски пријатели Тоше сакал да ја побара за жена, но во тоа се вмешала неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, советувајќи го дека ќе е лошо за неговата кариера.
Будимир откри дека Лилјана кон нејзе се однесувала крајно непријатно и била многу посесивна кон Проески. Таа особено го памети моментот кога се појавила на промоцијата на негов албум, на што менаџерката бурно реагирала.

– Никогаш не ги сфатив нејзините посеивни реакции. На промоцијата од албумот кога се појавив реагираше дека сè сум упропастила со своето доаѓање. А еднаш кога му се јавив таа одговори на неговиот телефон и ми рече дека не смееме повеќе да сме заедно. Му реков дека ако тој сака ќе се повлечам и ќе ја прекинеме врската. Но Тоше не можеше да се реши. Само ми рече дка станала неподнослива – се сеќава Андријана и додава дека откако по заминувањето на Тоше слушнала за тврдењата на Лилјана дека никогаш не биле во врска, решила да ја тужи само за да ја докаже вистината.

Таа жена ми го уништи животот. Ја тужев за да докажам дека лаже, а не за да добијам пари.

Андријана го доби судскиот спор откако приложи над 200 смс пораки кои ги размениле со Тоше. По долги години тага, нејзе повторно ѝ се насмевна среќата. Денес е среќно омажена со угостителот Јохан, со кого го имаат четиригодишниот син Максим. Додека професионално по обидот со козметички салон, таа му се врати на спорот и денес успешно води школа за млади ракометари во Скопје, а пред неколку месеци стана и првата жена тренер на машката репрезентација на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This