ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА СЕ ОТКАЖА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА: Заев сеуште не може да ги склопи листите – раздор во СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поповска во својата реакција вели дека сега е време за единство и за искрена посветеност на борбата за демократизација на земјата и дека во тоа име ДОМ се откажал од намерата за самостоен настап

lile_popovska
Фото: Телеграф.мк

Пратеничката на ДОМ, Лиле Поповска, се откажа од пратеничката листа за изборите на 11 декември. Ваквиот потег доаѓа откако нејзината кандидатура предизвика големо незадоволство во редовите на СДСМ. Како најголем грев на Поповска ѝ се припишува коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ, како и тоа што за време на „црниот понеделник“ во Собранието не го спречила исфрлањето на пратениците.

Поповска во својата реакција вели дека сега е време за единство и за искрена посветеност на борбата за демократизација на земјата и дека во тоа име ДОМ се откажал од намерата за самостоен настап и прифати да биде дел од опозициската коалиција што ја предводи СДСМ.

– Нашето излегување од Владата пред речиси две години беше поздравено од јавноста и нотирано во Извештајот на Европската комисија како важен пресвртен момент во политичката криза. Затоа изненадуваат сега поединечни реакции, во кои се проблематизира мојата добитна позиција на коалициските листи.
Да, со коалицискиот партнер за мене е договорено добитното 4. место во И.Е.2. Но јас не сакам функција по секоја цена, ниту да послужам за сеење семе на раздор во демократската опозиција. На Македонија ѝ претстои голема битка и потребни сме си сите, независно од етничкото, верското и политичкото потекло – изјави Поповска.

Нејзиното повлекување е продолжение на незадоволството од изборот на Зоран Заев при составувањето на кандидатските листи. Софија Куновска веќе се повлече, а такви најави стигнуваат од уште неколкумина функционери на СДСМ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This