April 25, 2024, 11:51 am

ЛИЦА-ЃОНОВИ, ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИ: Политичките терористи Фрчковски и Заев и нивните јатаци како Геро и пресудија распад на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што го зборуваше Заев за двонационален идентитет уште во првото (и последно) интервју дадено за „Република“ во јули 2013 година, непосредно по стапувањето на функцијата претседател на СДСМ, иако сопартијците се обидоа да го прикажат како „грешка“ поради струмичкиот дијалект на својот лидер, сега е кристално јасно дека изјавата за „двонационален идентитет“ воопшто не била надвор од неговата агенда.
zaev-1-640x388

СДСМ веќе на крие дека Заев им дал „беса“ на албанските партии, на албанската дијаспора, но и на Албанците во Република Македонија и дека враќање нема – нивната агенда за реализирање на големоалбанскиот сон е и негова агенда, СДСМ на овие избори се бори да ја уништи Македонија.

miting

Кризата во која Заев ја втурна Македонија има за цел да ја ослаби државата, да ги девалвира институциите и да го разјаде последниот бедем кој е во насока на заштита на државотворноста, идентитетот на народот, и да ја поткопа унитарноста на државата.

Пазарот на Заев е многу јасен и тој тоа го најави уште во 2008 година кога јавно порача дека државата мора да ја „свитка кичмата“ за да постигне решение за името. Последниот скандал е со кој на отворена сцена се виде како Заев договарал федерализација на Македонија, а во игра е промена на знамето, на името, на химната на државата и создавање на дводомен парламент, при што претседател на државата да биде Албанец по систем на ротиција. Овие барања ги испорача албанската дијаспора на Македонија (АДМ) преку нејзиниот претседател Муса Љамалари – Тим Шкупи, со кого Заев на 13 април имаше средба во седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“.

sds

По средбата СДСМ излезе со штуро соопштение, без многу детали.

-Од страна на претставниците на АДМ е пренесена поддршка за проектот „Вистината за Македонија“ што го разоткри вистинското лице на власта и наоѓа своја потврда во отворените истраги од страна на СЈО против високи функционери во власта, пренесува СДСМ.

Од друга страна, за суштината на разговорите на посебна прес-конференција зборуваше Љамалари. Тој изјави веднаш по средбата со Заев дека нивна најголема заложба е федерализација на Македонија и дека за тоа разговарале и договарале со Заев. Истовремено потенцира дека по средбата, во координација со СДСМ, Албанците и нивните партии започнале да излегуваат на протести, што и се потврди со протестите на радикалното исламско движење Беса и ветераните на УЧК, кои маршираа низ Скопје со албански знамиња. Ова најдобро потврдува дека е паднат некаков договор Заев – Љамалари, чијашто главна цел е федерализација.

На протестите на Албанците, пред сѐ, исламските радикали и ветераните на УЧК, беа ставани албански симболи на спомениците на АСНОМ и останатите спомен-обележја кои се симбол на македонската државност.

Истовремено дека ова не е случајно зборува и фактот што претходеа отворени ставови за федерализација од страна на Заев и други првенци на СДСМ како Бранко Геровски, Фрчковски.

Заев во интервју за косовска телевизија најави потреба од ревидирање на Рамковниот договор и учење на албански јазик во основните училишта, што значи преструктуирање на уставниот поредок на државата со бинационален елемент.


Идентично на барањата на албанската дијаспора за претседател Албанец по систем на ротација е и ставот на Љубомир Фрчковски како главен идеолог на СДСМ, кој посочи дека треба да се размислува за уставни промени и воведување на систем на ротација со претседател Албанец.

Дека сето ова е смислена игра и одамна подготвуван терен е и изјавата на Заев, кој јавно си истакна дека нема да води патриотска политика.

Во колумната „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, еден од главните експоненти на СДСМ и опозициски стратег Бранко Героски, кој е отворен поддржувач на опозициските политики, соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.

gero_federalizacija-520x322
Стратегот на СДСМ и едно од нивните главни новинарски пера Героски на тоа гледа како апсолвирано прашање, за кое треба да се разговара за деталите, а не дали воопшто е потребно создавање на федерализација.

„Oдржливоста на идната федерација е важно прашање за кое мораме да разговараме“, пишува Геровски спомнувајќи во колумната кантонални влади, посебни сенати, полиции, судии, факултети, создавање на локално македонско албански парламенти и слично.

Истовремено треба да се има на ум дека на митингот на СДСМ во мај минатата година, само неколку дена по настаните во Диво Насеље, koga загинаа 8 македонски бранители, а десетици беа повредени, Заев наместо да ги посети семејствата, си правеше селфи со помагачите на терористичката група во Куманово, во Скопје на митингот на СДСМ се вееја знамиња на голема Албанија и пароли од 113 Косовска бригада, чиишто членови беа фатени во кумановското Диво Насеље.

6-1

1-2

2-1

3-2

4-2

5-1

Токму тоа е целта на ослабената Македонија од кризата на Заев. Освен албанскиот елемент на порта се тенденциите и за промена на името.

Не за џабе Заев е меѓу омилените политичари во грчката политика, но и најпосакуван партнер за преговори за името. Елефтеротипија, Товима, Екатимерини, како и грчките националистички идеолози како Докос, со години го поддржуваат Заев и во неговата попустливост за изнаоѓање на решение за името кое би било на штета на државата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This