ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА ЗАЕВ: Поставен по партиска заслуга, зборува за департизација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лицемерието на функционерите кои ги назначи Зоран Заев како директна последица на своите партиски заслуги и учества во платеничката Шарена Револуција, не престанува да вчудоневидува.
Последен во низата функционери чии усти се полни со зборови како департизација и професионализација, е директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески.

Во негов настап на панел дискусијата на тема: „Предизвиците на Република Македонија, пред самитот на НАТО во 2018 г.“, организирана од Институтот за јавни политики од Скопје, Славески изјавува дека еден од главните предизвици на институциите на Република Македонија е преголемата партизираност. И ова звучи многу убаво и демократски, но сепак му недостасува малку вистина.
Истиот тој Славески, кој инаку е Претседател на Советот за безбедност и одбрана на ЛДП, на неговиот фејсбук профил јавно истакнувал ставови и слики со поддршка за шарената револуција и митинзите на СДСМ и коалицијата. Истиот тој Славески, можеме да го видиме и по постови на фејсбук страната на Либерално Демократската Партија, кадешто сите негови настапи во својство на владин функционер, односно Директор на ДБКИ, се следат и гордо се истакнуваат, како што може да се види од приложените фотографии. 
Неумесно е од страна на функционерите на Заев и Милевски да пробуваат да ја лажат јавноста со декларативни изјави за демократија и професионализам, а во пракса тие да бидат токму најголемите партиски војници, кои добиле функција незаслужено и на токму спротивен начин, преку партиски ангажмани.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This