April 27, 2024, 12:47 am

ЛИЦЕМЕРНА ХУМАНОСТ: САД и праќа хуманитарна помош на Венецуела додека го финансира државниот удар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон доби огорчен укор од Каракас, откако отворено ѝ кажа на владата на Венецуела “да му се тргне од патот”, додека обезбедува „хуманитарна помош” за Венецуела, откако го поддржа државниот удар и наметна повеќе санкции.

Оние кои водат неправедни војни … уништуваат невини … популации, ги поттикнуваат економиите на блокада, предизвикуваат смрт, глад, уништување и страдање” се осмелуваат да ги наречат своите дела „хуманитарни”, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Хорхе Ареаза .

Венецуела со години е во тешка финансиска ситуација по падот на цените на нафтата што доведе до хиперинфлација и недостиг од храна и други основни резерви. Земјата, исто така, беше под притисок од американските санкции, со најновиот  удар врз државната нафтена компанија на Венецуела. Минатата недела на политичката криза беше додадено и самопрогласувањето на водачот на опозицијата, Хуан Гуаидо, за привремен претседател на земјата со непосредна поддршка од САД.

На сево ова, американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, гордо изјави дека САД ќе собере и ќе испрати хуманитарна помош (лекови, хируршки прибор и храна) за добросостојбата на венецуелскиот народ. Истиот оној Болтон кој не изрази жалење за поддршката за војната во Ирак, тврдеше дека САД морале да ѝ стават крај на Северна Кореја и го поддржа зголемувањето на притисокот врз „корумпираната Венецуела“ пред само еден месец. И најзначајно, тоа е човекот кој пред неколку дена предизвика контроверзии поради жолтиот бележник кој го носеше на прес конференција а во кој наводно беа имињата на 5000 војници во Колумбија.

Претходно, министерството за надворешни работи на Венецуела објави подолг документ во кој обвинува дека единствената цел на САД е повторно да ја колонизира Венецуела, користејќи „режим на марионети“, за да ги исцрпи ресурсите на земјата и да ѝ ги присвои природните богатства.

Во текот на изминатата година САД постојано наметнуваше рестриктивни санкции над финансиите и долговите на Венецуела, иако земјата веќе се бореше со хиперинфлација и зголемена сиромаштија. Но штом Гуаидо се прогласи за привремен претседател на земјата, САД почнаа да зборуваат за хуманитана помош.

Неодамна, американскиот државен секретар Мајк Помпео вети хуманитарна помош во висина од 20 милиони американски долари за владата на Гваидо, и му даде на лидерот на опозицијата пристап до венецуелските средства што се чуваат во американските банки.

САД не штедат напори во обезбедувањето поддршка за лидерот на опозицијата, кој на својата нова позиција редовно разговараше со американските официјални претставници, повикувајќи на нови протести и размислувајќи за прифаќање на американската воена “поддршка”. Никој досега не слушнал тоја да повика на национален дијалог или барем да прифати таква понуда од владата на Венецуела.

Сепак, вашингтонската марионета Гваидо не успеа да обезбеди доволна поддршка ниту од своите сограѓани, ниту пак од поголем дел од меѓународната заедница. Големи светски сили како Русија, Кина, Турција, Иран застанаа на станата на Николас Мадуро како легитимен лидер на Венецуела. Обединетите Нации исто така одбија да соработуваат со Гваидо, потенцирајќи дека не е нивна работа да признаваат или не признаваат претседатели и држави.

Се чини дека револуцијата спонзорирана од САД не напредува бидејќи Гваидо, очигледно, не успеа да го привлече на негова страна поголемиот дел од народот, како ни владините претставници и армијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This