April 19, 2024, 12:38 am

Лицeмepнaтa пpикaзнa нa Шилeгoв: Зeлeнилoтo вo Гpaдcки Пapк cтaнa cивилo, aмa oд нaвoднyвaњe нa тpeвa нeмa мpcни тeндepи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот во Град Скопје и портпарол на ГРОМ, Александар Трајановски на Фејсбук објави шокантни фотографии од зеленилото во Градски парк кое очигледно лошо ги поднесува енормно високите температури.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

Ова е слика од птичја перспектива на Градскиот Парк во Скопје околу големото езеро или познат како “стариот дел” на паркот.

ПР-от на Шилегов ја искористил сликава за да ја претстави новата тартан стаза за која лично сметам дека е добро решение, но гледајќи ја сликава неизбежно е да не се констатира дека на зеленилото во Градскиот Парк му се случува егзодус.

За сивилото наместо зеленилото на сликава постојат две верзии.

Првата е дека лицето кое работи на фотошоп дотерување на сликите заминало на одмор.

Втората е дека станува збор за веќе постоечка зелена површина, а штом е постоечка, нема проектирање, нема мрсно тендерирање за садници и расад од по 10.000 ден по стебленце.

Со други зборови, во садење и наводнување трева нема ќар.Во ерата на некаква си поинаква приказна за Скопје, нараторот на оваа крајно лицемерна приказна воведе нова давачка со која директно од џебот на граѓаните се акумулираат околу 4 милиони евра годишно за наводно одржување на градското зеленило.

Оваа слика кажува се!

Повеќе од очигледно е дека овие пари кои ние скопјани ги плаќаме секој месец не се користат за одржување на зеленилото.

Чекор по чекор стигаме од поинаква до лицемерна приказна.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This