ЛОВЏИИТЕ НА ЧЕЛО НА ПРОТЕСТИТЕ: Протестот против Тиранската платформа денес ќе го водат ловџиите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските ловџии денеска повторно ќе го предводат протестот на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која по 44-ти пат ќе протестира за целосно отфрлање на Тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата. Ловџиите веќе порачаа дека нема да молчат и мирно да гледаат како со некои сценарија се разнебитува Македонија.

lovdzii-640x480

Македонските ловџии самоницијативно денеска се пријавиле да бидат на чело на маршот, како одговор на низата шпекулации кои се шират во јавноста за евентуални немири предизвикани од разни групи кои би предизвикале насилство меѓу мирните граѓани кои веќе седма недела протестираат гордо и достоинствено без ниту еден забележан инцидент.

Ловџиите на 16-ти март, односно на 18-тиот ден од протестите веќе еднаш ја предводеа големата група граѓани која застана на браникот на татковината и порачаа дека ќе останат да ја штитат заедничка Македонија, како суверена и унитарна држава. Тие велат дека нема да молчат и мирно да гледаат како со некои сценарија се разнебитува Македонија.

-Ние ловците во Република Македонија, сме големо семејство и големи чувари на природата, кои не се обоени со ниту една политика или политиканство, но знаеме да процениме кога е загрозена Македонија, ние ловците нема да молчиме и мирно да гледаме како со некои сценарија ни ја разнебитуваат Македонија, нема да го дозволиме тоа. Од ова место ги повикувам сите ловци без разлика на нивната етничка, верска, политичка определба, да застанаме заедно во одбрана на заедника, сите заедно да продолжиме да се дружиме во нејзините природни убавини, велат ловџиите.

Ловџиите повикаа на трпеливост во овие клучни моменти за Македонија.

-Повикуваме на разум и трпеливост во овие клучни моменти кои можат да ја однесат Македонија во несакани правци од кои нема назад. Порачуваме, тука сме и ќе останеме да ја штитиме заедничка Македонија, со сите обележја на унитарна, суверена и самостојна држава. Секоја идеја за нејзино редифинирање нема да им помине, велат тие.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This