ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ СЀ ПОИЗВЕСНИ: Ќе им го продолжи ли Уставниот суд мандатот на градоначалниците до изборот на нови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уставниот суд конечно закажа седница по која ќе биде појасно кога ќе се одржат локалните избори. Седницата на која треба да се одлучува ќе се одржи в среда.

избори-гласање-19

 

Доколку Уставниот суд ги прифати иницијативите од Министерств ото за локална самоуправа и од Светскиот македонски конгрес, тогаш многу веројатно е дека мандатот на актуелните градоначалници ќе биде продолжен до назначувањето на нови, а не како што стои во сегашните уредби до 15 мај.

Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но поради тоа што не беше избран претседател на Собранието, истекоа сите рокови за нивно распишување во предвидениот термин.
Во иницијативата на Министерство за локална самоуправа се бара да се преиспита уставноста на спорните членови 35 и 49 од Законот за локална самоуправа, кои се однесуваат на мандатите на градоначалниците и советите. Таму стои дека тие се со мандат од четири години, но не е прецизирано што би се случило доколку не бидат распишани нови избори, како што е случај сега.

Тодор Петров од СМК бара бара и поништување на рокот за одржување на локалните избори, кој е определен во членот 16, став 1 од Изборниот законик, според кој изборите се одржуваат во правата половина на мај. Се бара тој термин Уставниот суд да го поништи, а Собранието да утврди нов.

– Уставниот суд мора да ги поништи членот 35, став 1 од Законот за локалната самоуправа и членот 16, став 1 зборовите „првата половина на мај“ од Изборниот законик за да нема прекин во локалната власт, односно мандатот на градоначалниците и советниците да биде до локалните избори – објаснува Петров за Телеграф.мк.

Од денот на распишувањето до денот на одржувањето не смеат да поминат помалку од 45 ниту, пак, повеќе од 60 дена. Според тоа, најверојатен термин за одржување на изборите би бил почетокот на септември.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This