ЛОНДОН ГО ДРЖИ НИШАНОТ НА РУСКИ МЕТИ, ВО САЈБЕР ПРОСТОРОТ: Велика Британија спремна да одговори на евентуален сајбер напад од Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британските разузнавачки служби се спремни да извршат сајбер-напад на руските компјутерски мрежи како одговор на можна акција во сајберпросторт насочен против цели во Велика Британија, пишува весникот „Сандеј Тајмс“, повикувајќи се на извори во британските безбедносни служби

„Британската агенција за сајбер-разузнавање – Центар за комуникации на владата и Министерството за одбрана се за ‘пропорционален’ одговор. Сајбер експертите веќе завземаа позиции во компјутерските мрежи и држат на мета цели во Русија“, пишува весникот.

„Ако се однесуваат агресивно кон нас, ние, секако, ќе имаме можност да направиме нешто“, рекол еден од изворите.

Британските власти предупредуваат на опасности од сајбер напади на клучната инфраструктура на објекти во земјата, на пример, институции на системот на здравствена заштита, наведува весникот.

Освен тоа, изворите наведуваат дека Лондон очекува ширење на „компромитирачките материјали“ за членови на владата на Велика Британија, пратеници и други функционери, пишува „Сандеј Тајмс“. Предупредувањето на разузнавачките за можностите од такви акции ги добила лично премиерката Тереза Меј.

„Знаеме дека во сценариото на Русија се наоѓаат и материјали од компромитирачка природа, ние сме спремни за тоа. Знаеме дека имаат можност да продрат во такви размери“, рекол изворот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This