April 19, 2024, 11:21 am

ЛОНДОН СТРАВУВА ОД ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА БАЛКАНОТ: Идејата за разместување на националните граници може да го дестабилизира регионот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија смета дека повиците за промена на гранците на Балканот можат да донесат нестабилност, соопшти британската амбасада во Приштина

„Веруваме дека повиците за измена на националните граници може да доведе до дестабилизација“, наведува Амбасадата.

Во соопштението се потсетува дека британската влада поддржува нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, за која се смета дека е од витално значење за безбедноста, стабилноста и просперитетот на „двете земји и регионот во целост“.

Соединетите Американски држави, денес за Танјуг од амбасадата на САД изјавиле дека се спремни да слушаат и да им помогнат на Белград и Приштина во пронаоѓањето на заеднички договор за решение за Косово.

Од Амбасадата исто така истакнуваат дека е време двете страни да бидат „креативни и флексибилни“.

Тоа беше одговор на прашањето дали идејата на претседателот на Србија Александар Вучиќ во врска со разграничувањето со Албанците се вклопува во пристапот кој овие денови е предочен на јавноста од Стејт департментот дека е потребно одржливо решение, а дека „страните треба да бидат далековиди и флексибилни“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This