Лотарија за вакцинираните граѓани во Словачка, оние со две примени дози имаат двојна шанса за добивка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словачкото Министерство за финансии денеска објави дека на веб -страницата bytzdravyjevyhra.sk (во превод – победата е да се биде здрав), граѓаните можат да се регистрираат за претстојната лотарија за вакцинираните.

Министерството најави дека утре ќе даде повеќе информации за лотаријата на прес -конференција, објави ТАСР.

Претходно, Министерството утврдило дека секој вакциниран граѓанин може да се пријави на лотаријата, без оглед на видот на вакцината што ја примил, вклучително и оние кои биле имунизирани на почетокот на кампањата за вакцинација.

Откако вакцинирано лице ќе влезе во лотарија, тој или таа автоматски ќе бидат во игра за сите извлекувања. Можно е да учествуваат со една примена доза, а оние што примиле две, ќе имаат двојно поголема шанса за победа.

Исклучок во овој случај ќе бидат луѓето кои биле вакцинирани со вакцината Џонсон и Џонсон, која што има само една доза.

Се уште не е познато какви награди ги чекаат добитниците на лотаријата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This