ЛОШИТЕ ЕКОНОМСКИ И ДАНОЧНИ ПОЛИТИКИ ПРИЧИНА ЗА ЗАМИНУВАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Претседателката на ССК, Арсовска смета дека се yбива бизнис климата во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашниот централен дневник на 1ТВ гостуваше Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори, која истакна дека малите и средните компании поради лошата економска и даночна политика и големата неизвесност решаваат да бараат излез и своите компании ги префрлат во Бугарија и Србија како странски инвеститори и со тоа се одлеваат пари од државната каса.

„Малите компании веќе побараа од нас, значи има една добра група која што побара од нас да извршиме скрининг на условите надвор од нашата држава конкретно во Република Бугарија и Република Србија. Да извршиме скрининг кои се условите под кои што тие би можеле да го преселат својот бизнис таму. И кои се условите практично од аспект на тоа субвенционирање, од аспект на поддршка која што би можеле да го добијат како еден тип на странски инвеститор. Ние таа анализа ја почнавме да ја правиме за нивно име и за нивна сметка од прилика уште има 2 недели до финиширањето на резултатите кои што ќе ги објавиме“ – појасни Арсовска.

Според Арсовска најголемиот страв на комапниите е но и она што го видовме изминатите неколку месеци, менување на еден месец прес истекот на годината на клучни закони кои што се дел од економските реформи.

Компаниите од оваа влада бараат нивно вклучување при донесување на сет економски мерки и подадена рака, доколку оваа влада сака компаниите да останат во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This