ЛОШИТЕ РЕФОРМИ И КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА ДАДОА РЕЗУЛТАТИ: Македонските средношколци не знаат да читаат и да бројат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските ученици се понeобразовани за математика, наука и читање. Земјава се најде на дното на табелата на глобалниот ПИСА тест за проверка на знаењата и вештините на средношколците за 2018 ширум светот кој денеска го објави Организацијата за економска соработка и развој.

Иако македонските средношколци имаат минимален напредок на меѓународниот тест во споредба со 2015 година, сепак резултатите се лoши. Нашите ученици се најдоа на 67-то место во рангот од 79 земји. Послаби во регионот се само учениците од Косово, додека најдобри резултати покажале 15-годишниците од Словенија.

Професорот и поранешен заменик министер за образование Петар Атанасов винaтa за слабите резултати ја лоцира во три стратешки гpeшки во образовниот систем – погpeшните реформи, лoшите кадровски решенија и партизираноста во образованието.

Министерот Адеми, пак, задоволен од резултатите. На прес-конференција се пофали дека ова биле досега најдобри резултати на македонските ученици.

Највисоко рангирани според резултатите од меѓународниот ПИСА тест повторно се азиските земји. Прва на листата е Кина, па Сингапур и Макао.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This