Лошa вест за македонските туристи: Грција воведе полициски час и зaбpaна за музика во делови од земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, се посебните мерки што од денеска стапуваат во сила на грчкиот остров Миконос, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките што ќе важат до следниот понеделник, 26 јули во 6 часот наутро, претпладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна запштита на Грција Никос Хардаљас, поради, како што рече „загрижувачкиот локален пораст на пандемијата со многу кластери“.

Хардаљас потсети дека на Миконос, како и во цела Грција, забрането е одржување на било какви настани во приватни простори со присуство на над 20 лица, а во спротивно предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.

На прес конференцијата за ситуацијата со пандемијата во четвртокот, Хардаљас соопшти дека на Миконос, бројот на активни случаи за една седмица се зголемил за четири пати, од 77 на 7 јули на 318 случаи на Ковид-19 во средата.

Грчкиот остров е познат по ноќниот живот, но и летна дестинација за многу светски ѕвезди, а во изминатиот период, поради мерките, како што е забраната за стоење во кафулињата, баровите и ноќните клубови, често се организираа забави во приватни вили.

Денешните мерки се и првите рестрикции што одново се воведуваат во Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This