April 19, 2024, 10:23 pm

Лукаревска за рамковките кадри: Доколку вработените ќе покажат резултатите ќе мора да се поздравиме со нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата потпретседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, во своето гостување во емисијата „24 анализа“, посочи дека доколку „рамковните кадри“ не покажат резултати, ќе мора да си заминат.

„Независно дали станува збор за рамковни вработени или постоечки вработени, нема по секоја цена да се дозволи некој да ја разруши сликата за една институција. Во сите институции ќе се прави контрола, доколку вработените ќе ги покажат резултатите ќе мора да се поздравиме со нив. Ниту еден директор не би сакал да има дамки во неговото работење“ изјави Лукаревска, додавајќи дека не е во ред луѓе да земаат плата, а да не работат.

Таа додаде дека вработени со несоодветно образование има во повеќето државни институции и тие се наследени од претходните раководства.

„Во УЈП имаме недостаток на кадар. Имаме сензитивни надлежности за работа и не секој може да одговори на тие предизвици. Ние навлегуваме во нови процеси на функционирање на целиот систем и нас и овие рамковни работувања нема да ни се доволни да го исполниме целиот капацитет. Долго време во УЈП не се примани луѓе на неопределено време“ кажа Лукаревска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This