Лукаревска: Има уште фирми кои земале финансиска поддршка, а не исплатиле плати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работодавачи кои поднеле и добиле финансиска поддршка за исплата на плата на вработените за октомри, во рамки на четвриот пакет мерки, не ја исплатиле платата на вработените.

Според податоците што ги соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес-конференција, станува збор за околу 179 работодавачи, во износ од 5.271.776 денари кои не исплатиле плати на 338 вработени лица.

Таа потенцира дека се уште има фирми кои не ја исплатиле платата иако зеле финансиска поддршка за месеците април, мај и јуни.

Списокот на компаниите ќе биде денеска доставен до Генералниот секретаријат на Владата кој треба да го објави јавно и нема да може да се ажурира што беше случај при спроведување на ваквата мерка во месеците април, мај и јуни, кога исто така имаше работодавачи кои не ја исплатиле и се уште има некои кои не ја исполниле оваа законска обврска.

Од овие работодавачи кои не исплатиле плата за октомври, а зеле поддршка од државата, 40 се од дејноста трговија на мало, кои примиле финансиска помош од 968.254 денари и на 63 вработени не исплатиле плата, 23 фирми се од дејноста подготовка на оброци и служење хрна кои добиле финансиска помош од 830.614 и на 55 вработени не исплатиле плата, 12 фирми се од дејноста транспрот со финансиска поддршка од 418.512 денари и на 25 вработени не исплатиле плата. Тука влегуваат и дејностите трговија на големо, изградба на зграда, трговија на големо и мало со автомобили и мотоцикли, истакна Лукаревска, додавајќи дека 52 од овие фирми се од Скопје, 41 од Тетово и 15 од Гостивар.

Дваесет и четири даночни обврзници, пак, кои побарале за дел од своите вработени поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка, за 506 вработени примиле 2.005.437 денари, но не извршиле исплата на дополнителен износ по поднесените исправки од 99.186 денари. Тоа, како што рече, се компании од трговија на големо, подготовка на оброци и служење храна, останата производствена индустрија, а најголем дел – три се од Скопје, три од Битола и по две од Госитвар и Неготино.

На работодавачите што користеле финансиска поддршка, а не исплатиле плата доставени се опомени по што следи постапка на присилна наплата.

Во ваков случај е предвидена глоба од 500 до 1.000 евра на микро претпријатие, од 500 до 2.000 за мало претпријатие, од 1.000 до 6.000 евра за средно претпријатије и од 1.000 до 10.000 евра на големо претпријатие, истакна директорката на УЈП.

За компании кои не исплатиле плата за април, мај и јуни спроведена е присилна наплата. Платата не е наплатена кај 55 работодавачи за април, 48 за мај и 82 за јуни. 149 немаат исплатено за само еден месец, 25 за два месеца и пет за сите три месеци, април, мај и јуни. За овие компании се доставени податоци и до Јавното обвинителство за покренување кривични постапки и ќе ги доставиме до Генералниот секретаријат на Владата за да се направи нивно објавување, рече Лукаревска.

Таа додаде дека кај компаниите кои не исплатиле плата, а зеле поддршка, ќе се спроведе и детална контрола по сите видови даноци, но ќе бидат контролирани. Заедно со Државниот инспекторат за труд ќе се контролира и кај компаниите кои исплатиле пониска од минималната плата.

Финансиската подддршка преку оваа мерка зависно од големината на загубата на фирмата се движи од 14.500 денари до 21.776 денари по вработен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This