Лукаревска: Ќе бидат блокирани сметките на работодавците кои не исплатиле финансиска помош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавци кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

– За овие 245 работодавци изготвени се опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица, истакна Лукаревска.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници – изјави Лукаревска на денешната прес конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This