April 25, 2024, 12:37 am

Лукашенко: Нема да бидам претседател и мирно поднесете го тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека, според новиот Устав, тој повеќе нема да биде на таа функција, пренесе руската агенција РИА.

„Не донесувам никаков устав за себе. Нема да работам како претседател со новиот устав. Затоа, смирете се, мирно поднесете го тоа”, рече Лукашенко.

Претседателот исто така рече дека никогаш нема да дозволи „усвојување на новиот устав, некој фалсификуван или потоа некој со фалсификуван избори според новиот устав“.

“Дури и да знам дека нема да биде тоа што јас го сакам. Зошто? Бидејќи белорускиот народ мора да го помине низ тоа што мора да го помине. Подобро сега, без војна, уште полошо ако војна се наметне или некој фрли врз нас”, рече Лукашенка.

Претходно, тој изјави дека нацртот на ажурираниот Устав ќе биде доставен на јавна дискусија на почетокот на 2021 година. Како што прецизира шефот на државата, третата верзија се подготвува, бидејќи двете претходни не одговараа. Според Лукашенко, новиот Основен закон треба да одразува унифицирана визија за иднината на Белорусија. Тој истакна дека белорускиот народ ќе одлучи кој ќе биде новиот Устав.

Во меѓувреме продолжуваат масовните протести во Белорусија за резултатите од претседателските избори во август. Според централната изборна комисија, Лукашенко победил со 80,1 процент од гласовите, но опозицијата не се согласува резултатите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This