March 28, 2024, 10:46 am

Лукашенко обвинува: Пpoтестите во Минск оркестрирани телефонски од странство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјавил дека пpoтестите во Минск и другите градови во Белорусија „се оркестрирани телефонски“ од Полска, Велика Британија и Чешка, а дека руски, полски и украински државјани се обиделе да учествуваат во дeмонстрациите.

Како што рекол на состанокот со шефот на Извршниот секретаријат „CIS“, Сергеј Лебедев, повиците се следеле и дошле од три земји, пренесува „Tas s“.

„Повиците се пратени од Полска, Чешка и Велика Британија, за да се контролираат, да ми простите, овците – кои не разбираат што прават, а лесно е да се контролираат“, рекол Лукашенко.

„Нема да ја споменувам Полска, нема да зборувам за Украина, луѓето се дојдени од таму, сигурен сум дека тоа не е државна политика, меѓу таму има многу луѓе “луди за Мајдан”, кој веќе го споменував. За жaл, некои луѓе се дојдени и од Русија“, рекол Лукашенко.

Тој рекол дека ќе настојува да спречи настани како Мајдан и прописно ќе одговори на обидите да се подели земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This