Лукашенко ce зakaни нa “CNN”: Тpeба да им бидe jacнo нa агpecopитe кaкoв дoчeк ќe дoбиjaт вo Мocквa и Минcк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во случај на надворешна агресија, Белорусија само уште повеќе ќе се зближи со Русија, рекол претседателот на оваа држава, Александар Лукашенко.

“Ако биде потребно, Белорусија ќе се трансформира во единствена база со Русија, воена база со цел да се пружи отпор на вашата агресија. Секако, доколку се одлучите на тоа вие или некои соседни држави. Тоа треба да ви биде сосема јасно”, рекол Лукашенко во интервју за “CNN”.

Тој додал и дека на територијата на земјата нема ниедна странска база, со исклучок на два руски објекти за цивилна намена. Во нив има околу 40 луѓе.

Потсетуваме, на територијата на републиката има два руски воени објекти: 474. Посебен радиотехнички јазол “Барановичи” и 43. Комуникациски јазол на Воената морнарица на Русија. Во склад со договорот кој е потпишан во Минск во 1995-та година, Русија на 25 години ги изнајмила сите недвижнини и земјишта на кои се наоѓаат овие објекти.

Белорускиот претседател во интервјуто рекол дека независноста и суверенитетот на земјата не се на продажба и дека такво прашање или влез на Белорусија во составот на Русија не се на дневниот ред во билатералните односи.

“Вие имате англосаксонски став. Ние ниту со претседателот Путин, ниту на некои други нивоа не сме воделе таков разговор. Ние сме братски народи, имаме исти корени. Не се разликуваме по ништо. Имаме единствена политика, цели, и одиме кон нив по истиот пат”, рекол Лукашенко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This